
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ја одби понудата на клубот следната сезона да го носи дресот со број „7“, кој во минатото го носеа легендите на клубот.
Винисиус сака да продолжи да го носи дресот со број „20“, кој веќе го носеше во Фламенго и бројот кој го носи од почетокот на кариерата.
Како што пренесува „ЕСПН“, раководството на клубот официјално му предложило на бразилскиот фудбалер да го носи легендарниот број на грбот, кој досега го носеле играчи како Емилио Бутрагењо, Раул Гонзалес и Кристијано Роналдо.
Со понудата на Винисиус, Реал сакаше да го оживее угледот на познатата „седумка“.
По заминувањето на Роналдо, бројот седум го носеа Маријано Дијаз и Еден Азар, но не ги оправдаа очекувањата.
Азар не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти, оваа сезона одигра само седум натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол, против Селтик во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
