
Поранешниот тренер на Челси и на Порто, Андре Вилјаш-Боаш беше жртва на вандалски напад на неговиот дом, а доби и сериозни закани по живот.
Во текот на изминатата вечер на ѕидот од куќата на Вилјаш-Боап беа испишани навредливи коментари, а тоа се случи веднаш откако славниот Португалец реши да се кандидира за претседател на Порто.
„Издајник“, пишувало на надворешниот ѕид од неговата куќа, но тоа не било сѐ.
Имено, еден од поранешните вработени во Порто, Жоао Кеирош на Твитер објави дека Вилјаш-Боаш добил фотографии од неговите деца направени во нивното училиште.
Со фотографиите португалскиот стручњак добил застрашувачка порака.
Ова секако требало да го натера Вилјаш-Боаш да се повлече и да заборави на позицијата претседател на Порто, но во инцидентот секако се вклучила полицијата и се обидува да го пронајде сторителот на овој немил настан.
Вилјаш-Боаш, познат и како поранешен помошник на Жозе Мурињо, го водеше Порто од 2010 до 2011 година. Во тоа време тимот ја освои титулата, Купот, Суперкупот и ја освои Европската лига.
Подоцна ги водеше Челси, Тотенхем, рускиот Зенит, кинескиот Шангај СИПГ и Олимпик Марсеј со кој се раздели во февруари 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
