Македонија ЃП се препороди под водство на новиот стратег Наџи Шенсои кој во финишот на сезоната со серија позитивни резултати го донесе тимот до само два бода од второпласираната Шкендија. А, сето тоа заокружено и со денешната голема победа од 2-3 на гостувањето против Шкупи во Чаир.
Хет-трик на мечот постигна Бразилецот Пауло Карваљо, најзаслужено за трите бода на Македонија ЃП. Победата ја најави со голот уште во 3. минута.
Потоа погоди по грешката на домашниот голман и со удар од далечина, кој беше центаршут, во 40. минута…
Домашните намалија на 1-2 во 49. минута со лоб-погодокот на Фатјон Јусуфи…
Но, Карваљо со нов прекрасен гол во 62. минута ја запечати победата. Во 90. минута Шкупи со голот на Марин Јурина успеа само да ублажи за конечни 2-3.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













