Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, дал одобрение за ангажман на Доминик Калверт-Луин, напаѓачот кој во моментов е слободен играч, откако му истече договорот со Евертон.
Калверт-Луин некогаш важеше за еден од највредните англиски напаѓачи и големите клубови од Премиер – лигата се обидуваа да го доведат во своите редови, но без успех.
Сега, откако е слободен агент, Манчестер Јунајтед сака да го донесе без да плати обештетување.
Претходно, клубот од „Олд Трафорд“ го доведе напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња, за повеќе од 70 милиони евра.
Инаку, на продажба се ставени Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо и Ентони, поради што е јасно зошто Рубен Аморим инсистира на нови засилувања во нападот.
Калверт-Луин блескаше во периодот од 2019 до 2021 година, но серијата повреди го забави неговиот развој и влијаеше на формата.
Сепак, во Манчестер Јунајтед веруваат дека тој сè уште поседува квалитет, особено во завршницата на нападот, и може да се покаже како вистински погодок.
Според информациите, клубот е подготвен да му понуди многу атрактивен договор со значителни бонуси врзани за настапи, што би било прифатливо и за фудбалерот, но и за Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













