Поранешни и актуелни фудбалери на Ливерпул веќе пристигнаа во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој е закажан за утринава во 10 часот во родниот Гондомар.
Покрај сегашните членови на Ливерпул, на церемонијата присуствуваат и поранешни ривали од Премиер – лигата, меѓу кои се издвојуваат имињата на Бернардо Силва, Бруно Фернандеш и Диого Дало. Тие беа негови колеги во националниот тим на Португалија.

Капитенот на „црвените“, Вирџил ван Дајк, пристигна заедно со менаџерот Арне Слот и неколку соиграчи – Алексис Мекалистер, Конор Бредли, Енди Робертсон, Дарвин Нуњез, Кертис Џонс, Харви Елиот, Ватару Ендо, Федерико Киеза и досегашниот голман Куевен Келехер.

Присутни се и поранешните капитени на клубот, Џордан Хендерсон и Џејмс Милнер, како и Фабињо, кој со Жота играше неколку сезони на „Енфилд“. Пристигна и Леандро Дендонкер, поранешен соиграч на Жота во Вулверхемптон.

Откако нивниот тим Ал-Хилал беше елиминиран од Светското клупско првенство, Жоао Кансело и Рубен Невеш веднаш отпатуваа од САД кон Португалија за да му оддадат последна почит на својот сонародник.
Присутни се и делегации од Фудбалската федерација на Португалија, клубовите Порто, Бенфика, Спортинг Лисабон, и многу други личности од фудбалот и јавниот живот во Португалија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













