Connect with us

Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Португалскиот напаѓач Жоао Феликс призна дека е подготвен да се врати во својот матичен клуб Бенфика, откако не успеа целосно да се наметне во Челси и Милан.

25-годишниот фудбалер, кој своевремено важеше за еден од најголемите фудбалски таленти во Европа, во 2019 година прејде во Атлетико Мадрид за рекордни 126 милиони евра, но не ги оправда очекувањата во Мадрид.

По престојот во Челси во втората половина од сезоната 2022/23, Феликс следната сезона ја одигра како позајмен играч во Барселона, каде имаше неколку добри настапи, но ниту Барса, ниту Челси не се одлучија да го задржат трајно. Сепак, во 2024 година Челси повторно го врати во тимот, каде што има договор до 2030 година.

И покрај долгорочниот договор, новиот менаџер на „сините“, Енцо Мареска, не го гледа Феликс како дел од своите планови. Португалецот одигра 20 натпревари и постигна 7 голови во минатата сезона, по што беше испратен на позајмица во Милан, каде што ја заврши сезоната. Но, и „росонерите“ не покажаа интерес за траен трансфер.

„Сакам да се вратам дома. Мојот дом е Бенфика. Мора да се вратам дома. Бенфика е мојот омилен клуб. Бруно Лаж е човек што го познавам и кој имаше важна улога во мојата кариера. Тоа уште повеќе ми дава сигурност. Би бил многу среќен да се вратам. Чувствувам дека ми е потребно да бидам дома и затоа Бенфика е една од опциите што ми се врти низ глава“, изјави Жоао Феликс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови