Connect with us

Мусијала можел да се здобие и со пострашна повреда, ќе биде опериран веднаш по враќањето во Минхен

Четвртфиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен беше засенет од тешката повреда на младата ѕвезда на Баварците, Џамал Мусиала. Германецот го напушти натпреварот, кој го добија парижаните со 2-0, по судир со голманот на францускиот тим, Џанлуиџи Донарума.

Сега е позната и тежината на повредата. Офанзивниот играч за врска заработил скршеница на малата потколенична коска (фибула) и ќе биде надвор од терените најмалку четири месеци. Германскиот репрезентативец ќе се врати во татковината во наредните часови и веднаш ќе биде подложен на хируршка интервенција во Минхен.

„Џамал Мусијала има скршена фибула и ќе оди на операција веднаш по слетувањето во Минхен. Се очекува да отсуствува најмалку четири месеци“, открија од клубот.

Според медицинскиот тим на Баерн Минхен, повредата е нешто „поповолна од очекуваното“, бидејќи можела да биде многу посериозна – особено ако биле зафатени скочниот зглоб или лигаментите околу него.

Операцијата ќе се изврши веднаш по пристигнувањето на играчот, а периодот на рехабилитација ќе го држи надвор од игра до крајот на календарската година. Ова е нов тежок удар за 22-годишниот Мусијала, кој неодамна се врати по повреда на задната ложа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови