Напаѓачот на Челси, Тимо Вернер, ги сумираше впечатоците од полуфиналето во ФА купот против Манчестер Сити (1-0). Лондонскиот тим оствари голема победа, а Вернер забележа асистенција.
„Мислам дека ова беше дуел на двата најдобри англиски тима. Шансите беа подеднакви. Победивме затоа што бевме поуспешни од контранапади и успеавме да дадеме гол. На крајот добро се браневме како и на претходните натпревари. Мислам дека може да се каже дека победи посилниот. На вакви натпревари, важно е да имате добар план за игра. Ни претстои финалето на ФА купот и полуфиналето во Лигата на шампионите. Продолжуваме напред и гледаме да освоиме трофеј. На таков начин би имале успешна сезона“, изјави Тимо Вернер.
Во финалето на ФА купот, Челси ќе се сретне со поуспешниот од дуелот меѓу Лестер и Саутемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













