
Александар Васоски издржа храбро, и порај сите турбуленции и финансиското мачење во најтрофејниот клуб. По триумфот над Беласица (0-3) тој истакна дека ја завршува одисејата во Вардар, го остава на петтата позиција што е мини – подвиг со оглед на околностите, но апелира и да не се остави најсветото да згасне.
„Почитувани спортски пријатели, навивачи на Вардар, почитувана спортска јавност. Сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам за поддршката која му ја дававте на Вардар во овој тежок период за клубот.
Почитувани вардарови фудбалери, вашите имиња треба да се впишат со златни букви во историјата на овој клуб, затоа што не дозволивте клубот да доживее црно сценарио.
Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе останам, но немам веќе сили да се борам. Затоа од денеска официјално не сум тренер на Вардар. Благодарност до „Комитите“ и сите поддржувачи на Вардар и мој апел до надлежните да не се дозволи најсветото нешто во македонскиот фудбал да згасне“, се вели во реакцијата на Васоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
