Академија Пандев и Работнички в сабота ќе го отворат пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Новиот тренер на струмичкиот тим, Александар Васоски, најавува големо надмудрување со Александар Влахо и очекува позитивен старт за неговиот состав.
„Задоволен сум од подготовките во Анталија. Целта на Академија Пандев е да се обезбедиме опстанок во елитата и да оствариме успех во Купот, со оглед дека тимот е во полуфиналето. Очекувам квалитетен натпревар со Работнички и тактичко надмудрување со Александар Влахо. Првиот меч по долга пауза секогаш е тежок, но се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме“, вели Васоски.
Академија Пандев ја стартува пролетта од 11. позиција и сака да ја напушти опасната зона. Работнички е четири позиции погоре и бара начин да се искачи кон горниот дел од табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













