Македонскиот прволигаш Струга Трим Љум продолжува со градење на ростерот за сезоната 2025/26 и денеска официјално го промовираше грчкиот дефанзивец Киријакос Мазулуксис како нов член на тимот.
Искусниот 28-годишен фудбалер пристигнува како слободен агент, откако му истече договорот со Паниониос. Тој зад себе има богато искуство во грчкиот фудбал, настапувајќи во неколку клубови од Суперлигата, вклучувајќи ги Арис, Ерготелис, Ламија, Ханија, Кифисија и Паниониос.
Мазулуксис потпиша едногодишен договор со Струга ТЛ, со можност истиот да биде продолжен за уште две сезони. За поранешниот младински репрезентативец на Грција ова ќе биде втора авантура надвор од својата татковина, по краткиот престој во белгиски Лирс.
Иако природно игра како централен дефанзивец, Мазулуксис може да делува и на десната бековска позиција, како и како дефанзивен играч за врска.
Со неговиот ангажман, стружани значително ја зајакнуваат дефанзивната линија и јасно даваат до знаење дека амбициозно се подготвуваат за новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













