Велшкиот првак ТНС се жали за расизам на мечот против Шкендија во Скопје. Македонскиот шампион го елиминираше ТНС по продолженија со 2-1 по продолженија, а наводно нивниот фудбалер Арамајд Оте се расплакал поради расистички навреди од навивачите.
Тренерот на ТНС, Крег Харисон изјави дека фудбалерот Оте бил расплакан по инцидентот во кој бил инволвиран навивач на Шкендија.
„ТНС силно и недвосмислено го осудува расистичкото навредување упатено кон Арамајд Оте од страна на член на домашната публика по завршувањето на натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите на УЕФА против КФ Шкендија. Апсолутно нема место за расизам – ниту во фудбалот ниту во општеството. Сите во клубот му нудат целосна поддршка на Оте и цврсто стојат покрај него. Њу Сејнтс се горди што ја поддржуваат кампањата #NoToRacism на УЕФА и остануваат посветени на промовирање на еднаквост, почит и инклузија и на теренот и надвор од него“, се вели во соопштението на велшкиот шампион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













