Вардар успеа да обезбеди пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, откако и покрај ремито од 2-2 против Ла Фиорита во Сан Марино, благодарение на победата од 3-0 во првиот натпревар во Скопје, со вкупни 5-2 оди понатаму. Во следната рунда го очекува двомеч со швајцарската Лозанa.

Пенал драма на стартот
Натпреварот започна мирно, но во 10. минута непотребна игра со рака на искусниот Ненад Мишковски донесе пенал за домаќините. Жоао Фелипе беше сигурен од белата точка и Ла Фиорита поведе со 1-0.
По водството, тимот од Сан Марино се затвори, а Вардар напаѓаше, но тешко креираше вистински шанси. Единствениот вистински обид беше на Горан Закариќ, кој во 42. минута ја погоди пречката од далечина.
Тројна смена – пресврт во играта
На стартот на второто полувреме Седлоски одлучи да реагира – влегоа Мато, Данев и Кастанеда, што веднаш даде резултат. Во 55. минута, домаќините направија прекршок со играње со рака во својот шеснаесетник, а нововлезениот Мато реализираше пенал за 1-1.
Само минута подоцна, Матиќ имаше шанса да донесе целосен пресврт, но одбраната на Ла Фиорита реагираше навреме.
Автоголови и драма до самиот крај
Притисокот на Вардар даде ефект во 84. минута. По центаршут на Кастанеда и шут на Омерагиќ, домашниот голман Виван направи катастрофална интервенција и топката заврши во сопствената мрежа – автогол за 1-2.
Сепак, радоста траеше кратко. Во 93. минута Јанкулов си постигна автогол и го постави конечниот резултат 2-2. Претходно, Михаил Маневски спасуваше од самата гол-линија.
И покрај несреќниот крај, ремито (2-20 беше доволно Вардар да го осигура својот пласман во следната рунда. Таму ги чека далеку потежок предизвик – швајцарскиот Лозана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













