Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, влегол во конфликт со претседателот на клубот, Флорентино Перез, поради разлики околу селекцијата на тимот за новата сезона.
По враќањето на тимот во Мадрид, бил одржан состанок меѓу Перез и Алонсо, на кој претседателот изразил незадоволство од настапите на „кралскиот клуб“ на последниот турнир. Главната тема на разговорот била засилувањето на позицијата дефанзивен играч за врска.
Перез, според извештаите, бил подготвен да инвестира само во врвен играч од светска класа, како што е Родри од Манчестер Сити – трансфер кој моментално изгледа речиси невозможен.
Чаби Алонсо, од друга страна, предложил неколку алтернативни имиња како што се Анџело Штилер од Штутгарт, Николо Барела од Интер и Кес Смит од АЗ Алкмар, но претседателот ги одбил овие опции, не сметајќи ги за доволно квалитетни за амбициите на клубот.
Останува да се види како ќе се развива ситуацијата и дали Чаби Алонсо ќе добие поддршка за играчите што ги посакува, или Реал Мадрид ќе остане фокусиран само на звучни имиња на трансфер-пазарот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













