
Вардар беше во длабока провалија, пред само неколку месеци, а сега е во финалето на Купот на Македонија. Напорната работа даде резултат, коцките конечно се наместија со ангажманот на Гоце Седлоски за шеф на стручниот штаб, но и откако раководството на клубот доведе неколку квалитетни фудбалери за вториот дел од сезоната.
Вардарци влегоа во серија од 12 меча без пораз, забележаа неколку значајни победи во шампионатот и побегнаа од бездната, а истовремено ја искористија шансата и да стигнат до финалето на Купот.
Ова е голем резултат, ако се знае дека цели 18 години „црвено-црните“ не биле дел од финалето на националниот Куп. Со метеорска брзина работите одат на подобро во најтрофејниот клуб, а се чини дека најважно е анулирањето на натрупаните долгови и одблокирањето на клупската жиро-сметка по цели осум години.
Секако, допрва за Седлоски и фудбалерите ќе следи главниот чекор, затоа што само успех во финалето на Купот, каде противник ќе биде Струга Трим Лум, ќе значи и освојување трофеј, но и излез на европска сцена, што дополнително би го консолидирало клубот и на финансиски план.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
