
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги почна зимските подготовки. На четири дена до стартот на пролетната полусезона, Никола Илиевски Џиџи ја изведе младата екипа на Вардар на прв тренинг на игралиштето на Академијата, прв асистент му е Бобан Грнчаров, заедно со Никола Глигоров и Златко Таневски, кондициски тренер Михајло Шејкероски Шани, а најискусниот ќе ја има капитенската лента, Дејан Блажевски.
Само неколку дена ќе минат вардарци заедно пред „вечното дерби“ со Пелистер, но најважно во моментот е што и воопшто почнаа да тренираат. Тоа најверојатно значи и дека ќе го играат неделниот првенствен меч против лутиот ривал Пелистер.
„Состојбата е навистина лоша, почнуваме неколку дена пред пролетниот старт. Потребна му е поддршка на овој Вардар, драго ни е што Комитите се тука, ќе сториме се за побрзо да влеземе во посакуваниот ритам. Ќе биде тешко против Пелистер, но се надеваме дека сепак добро ќе се претставиме“, изјави Никола Илиевски Џиџи.
Борбата во клубот се уште трае, тој и понатаму е во сопственост на спонзорот Сергеј Самсоненко кој има стопроцентна сопственост на акциите и има можност да го врати на Град Скопје доколку не вложува повеќе од 1,5 милиони евра по сезона. Во клубот има натрупани долгови од повеќе од 2,5 милиони евра, а се најавува можен нов сопственик, катарска компанија која ќе стопанисува со аеродромот Скопје.
Најавите велат дека нов спортски директор треба да биде Горан Попов, кој навлезе во менаџерски води откако ја заврши кариерата, а младинската академија би требало да ја раководи Стевица Ристиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец
