Една од најголемите ѕвезди на Челси, Кол Палмер, ќе биде надвор од терените уште околу шест недели, потврди менаџерот на лондонскиот клуб Енцо Мареска на денешната прес-конференција.
Палмер има повреда на препоните, поради која оваа сезона одигра само четири натпревари. Англискиот офанзивец ги пропушти и настапите за репрезентацијата, а првпат ја доби повредата уште за време на претсезонските подготовки.
„За жал, ќе мора да паузира веројатно уште шест недели. Тоа е најновата информација. Се обидуваме максимално да го заштитиме Кол и најважно е, кога ќе се врати, да биде целосно подготвен. Се надеваме дека шест недели ќе бидат доволни, но ќе го следиме процесот недела по недела. Сигурен сум дека ќе биде добро — изгледа смирен и целосно посветен на терапијата“, изјави Мареска.
Тој додаде дека Колвил и Делап сè уште се повредени, а Бадијашил ќе отсуствува до декември поради мускулен проблем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













