Кошаркарот на Словенија и Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ќе биде официјален амбасадор на ФИФА за регионот Лос Анџелес во пресрет на Светското првенство во фудбал, чиј домаќини ќе бидат Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
„Многу сум горд. Светското првенство во фудбал е најголемиот спортски настан на светот и навистина сум возбуден. Отсекогаш сум го следел фудбалот, а и сега го гледам редовно. Тој е голем дел од мојот живот“, изјави Дончиќ.
Логично, тој ќе биде задолжен за подрачјето на Лос Анџелес, градот во кој настапува.
„Лос Анџелес е прекрасен град со богата култура. Фудбалот во Америка станува сè популарен, особено тука во ЛА, и мислам дека токму поради тоа е совршено што овој град ќе биде еден од домаќините.
Спортот може да го извлече најдоброто од луѓето, особено за време на Светското првенство. Луѓето се собираат да гледаат натпревари заедно, да ги бодрат најдобрите играчи на светот како настапуваат за своите земји. Навистина сум возбуден што ќе бидам амбасадор на сето тоа“, додаде словенечкиот кошаркарски ас.
Словенија има уште два натпревари до крајот на квалификациите, но моментално е далеку од пласман. Во Групата Б, прва е Швајцарија со 10 поени, следи Косово со 7, Словенија има само 3, а Шведска е последна со 1 бод.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













