Вардар го „тресна“ Шкупи на арената „Тодор Проески“ со 1-0 и покажа дека и оваа сезона на него може сериозно да се смета во трката за врвот. Матеј Цветановски го донесе триумфот на вардарци со голот во 52. минута.
Тој шутираше откосо од левата страна, а голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски, слабо реагираше и се затресе мрежата на гостите. Мартин Мирчевски можеше да постигне втор гол во 86.минута, излезе сам пред гостинскиот голман, но не беше прецизен.
Работнички славеше со 0-1 против Ренова во Тетово. Стрелец на голот беше Петар Петковски во 78.минута. Тој добро се снајде во шеснаесетникот на гостите, реагираше добро пред Шала и ја затресе мрежата на Велии.
Борец во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на Академија Пандев. Бразилецот Фернандо Силва во 70.минута донесе водство за велешкиот тим, а Никола Прелчец осум минути подоцна го постави конечниот резултат на овој меч.
Во Битола, Пелистер и Македонија Ѓорче Петров ремизираа без голови. Вчера, Шкендија со 0-3 славеше против Беласица во Струмица, а Струга Трим Лум го совлада Силекс со 2-0.
ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – ШКУПИ 1-0
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 0-1
БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
ВЧЕРА
БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-3
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-0
Табела: Шкендија 11, Силекс 10, Шкупи 10, Работнички 8, Борец 8, Струга ТЛ 7, Македонија ЃП 7, Вардар 7, Пелистер 6, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?
Евро-фудбал
Маскерано поднесе оставка во Интер Мајами













