
Шкупи извлече бод (1-1) во градското дерби против Вардар во дуелот што се одигра комплексот на ФФМ. Вардарци поведоа на голот на Дарко Мицевски од пенал во 77.минута, а израмни Дембо Дарбо во 89.минута. Претходно, одлични шанси за „црвено-црните“ и во првото и во второто полувреме имаше Матеј Цветаноски кој одигра одличен натпревар, а на спротивната страна свој реализаторски ден немаше Дембо Дарбо. На крајот, сепак, успеа да погоди за да донесе реми. Само неколку минути претходно, Вардар погоди и дирек и греда, но не се тресеше вторпат мрежата на Иљази.
Македонија Ѓорче Петров во финишот стигна до победа (2-1) против Пелистер. Абдул Калид Басит во 20.минута ја доведе Македонија ЃП во водство, но успеа да израмни Бојан Илиевски во 37.минута. Сепак, „лавовите“ гризнаа вп завршницата повторно преку Абдул Калид Басит во 85.минута.
Работнички конечно имаше ден со голгетерски ефект и славеше со 3-1. Многу шанси создадоа „романтичарите“, Шаркоски и Стојкоски промашуваа, но затоа Драшко Ѓорѓевиќ во 41. минута донесе предност. Во вториот дел, Николче Шаркоски зголеми на 2-0 во 51.минута, а Лука Станковски ги разреши дилемите околу победникот во 69.минута. Единствениот погодок за „гипсарите“ беше дело на Шефит Шефити.
Шкендија рутински ја совлада Беласица со 2-0. Капитенот Егзон Бејтулаи донесе водство во 45.минута, а Бесарт Ибраими ги прокнижи бодовите со голот во 60.минута.
Академија Пандев со пресврт оствари многу важна победа (2-1) против Борец. Гостите поведоа со голот на Марјан Ристовски во 39.минута. Но, Марјан Радески во завршницата потсети дека пред две – три години беше репрезентативен калибар. Во 78.минута реализираше пенал за израмнување, а десет минути подоцна постигна и победнички гол.
Во Кратово, по тежок терен за игра, Силекс и Струга Трим Лум ремизираа без голови, а Денис Ристов во првото полувреме не реализира пенал.
Standings provided by SofaScore LiveScore
„

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal