Connect with us

Ван Дајк: Нема како да ја освоиме Премиер-лигата со ваква игра

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк, беше крајно разочаран по поразот од 0-2 во дербито со Евертон, што практично стави крај на амбициите на тимот за титулата во Англија. Само чудо би им помогнало на „црвените“ во борбата против Арсенал и Манчестер Сити.


Избраниците на Јирген Клоп веќе заостануваат три бода зад „топчиите“, а вечерва би можеле да бидат потиснати и од втората позиција доколку „граѓаните“ победат на гостувањето кај Брајтон.

„Многу сме разочарани. Мора да се погледнеме во огледало и да признаеме дека нашиот настап не беше ни блиску до она што се бараше. Нема шанси да ја освоиме Премиер – лигата со таква игра. Кога се претставуваме вака, како да не сакаме да бидеме на првото место. Му дадовме многу можности на противникот. Тие одиграа што сакаа, а ние не успеавме да им се спротивставиме. Не се претставивме како што требаше. Можеме да изгледаме многу подобро“, изјави разочарано Ван Дајк.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови