Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, денеска соопшти дека нема да игра за репрезентацијата на Холандија на претстојното Европско првенство, бидејќи се уште се опоравува од повредата на коленото.
„Мислам дека донесов вистинска одлука да не одам на Европско првенство и да одам во последната фаза на рехабилитација за време на паузата помеѓу сезоните“, изјави Ван Дајк.
Холандскиот дефанзивец ги повреди лигаментите на коленото во октомври за време на натпреварот со Евертон, беше опериран и оттогаш се опоравува.
“Се чувствувам позитивно, полн сум со енергија и работам напорно. Ова беше многу, многу тешко патување, но се чувствувам добро и добро напредувам. Целосна концентрација ќе имам за подготовките на клубот, тоа е реална цел и со нетрпение го очекувам тоа. Многу сум разочаран што нема да ја предводам својата репрезентација на Европското првенство, но работите се какви што се и сите мора да го прифатиме тоа“, рече тој.
Холандија ќе игра во групата Ц со Украина, Австрија и со Македонија на Европското првенство, кое започнува на 11 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













