Италијанскиот шампион Наполи размислува да го засили тимот со Дани Себалјос по новата сериозна повреда на Кевин де Бруин. Белгиецот денеска е опериран и му следи долга пауза.
Тренерот Антонио Конте сака дополнително засилување во средината на теренот во зимскиот трансфер прозорец, а се чини дека Себалјос е идеална опција, бидејќи Шпанецот не е меѓу стартерите кај Чаби Алонсо.
Минатото лето, Себалјос одби да се врати во Бетис, верувајќи дека по заминувањето на Лука Модриќ ќе добие вистинска шанса во тимот, но тоа не се случи.
Наполи, од своја страна, е привлечна дестинација – клубот ќе се бори за Скудетото и повторно ќе биде конкурентен во домашното првенство, иако во Лигата на шампионите не спаѓа меѓу фаворитите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?
Евро-фудбал
Маскерано поднесе оставка во Интер Мајами













