
На операциона маса заврши уште една бразилска фудбалска легенда, 55-годишниот Ромарио. Откако во изминатите денови стигнаа вести од Бразил за 80-годишниот Пеле, на кого му беше отстранет тумор од дебелото црево, новите вести велат дека на Ромарио во четвртокот му бил отстранет жолчниот меур.
Ромарио беше опериран во болницата „Копа Стар“ во Рио де Жанеиро и нема никакви проблеми, а треба да ја напушти болницата по неколку дена.
Ромарио беше најголемата ѕвезда на бразилската репрезентација, која ја освои светската титула во 1994 година во САД. Во финалето, Бразил на пенали ја победи Италија, а Ромарио беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
По фудбалската кариера, во Европа остави најдлабока трага играјќи за ПСВ Ајндховен и во Барселона, Ромарио се испроба во политиката, каде што имаше многу успеси. Тој беше избран за претставник на листата на Бразилската социјалистичка партија. Потоа стана сенатор, но, на пример, неуспешно се кандидираше за гувернер на државата Рио де Жанеиро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
