Баерн Минхен повторно покажа дека е екипа од врвна класа – дури и кога губи на свој терен со 0-2, знае не само да направи пресврт, туку и да победи убедливо. Тоа се случи на мечот со Фрајбург, каде гостите поведоа со 0-2, но до крајот на првото полувреме Баерн израмни, а на крајот го реши натпреварот со импресивни 6-2.
Во дуелот на „Алијанц Арена“, гостинскиот тим се држеше во рамнотежа во првото полувреме, но потоа капитулираше пред актуелниот шампион. Мајкл Олисе беше двоен стрелец, додека Ленарт Карл, Хари Кејн, Дајот Упамекано и Николас Џексон по еднаш ја тресеа мрежата на противникот, за конечни 6-2.
Возбудливо дерби понудија Борусија Дортмунд и Штутгарт, кое заврши со 3-3. Дортмунд водеше со 2-0 по првиот дел, но гостите покажаа огромна упорност и успеаја да израмнат. Хет-трик на Денгиз Ундав го одбележа настапот на Штутгарт, додека за Дортмунд погодоците ги постигнаа Џан, Бајер и Карим Адејеми.
Баер Леверкузен без поголеми проблеми славеше кај Волфсбург со 1-3, Борусија Менхенгладбах убедливо го совлада Хајденхајм со 0-3, а Аугсбург извлече тесна, но важна победа од 1-0 против Хамбургер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













