Нотингем Форест, иако оваа сезона се бори за опстанок во Премиер лигата, повторно го изненади Ливерпул на „Енфилд Роуд“ со убедливи 0-3, остварувајќи втора победа по ред на легендарниот стадион во последните две години. Ливерпул го доживеа шестиот пораз оваа сезона, тоа е голем удар за амбициите на тимот на Арне Слот.
Муриљо донесе водство за гостите во 33. минута, а на самиот почеток на второто полувреме Савона ја зголеми предноста на 0-2. И покрај тоа што Слот реагираше со влегување на Екитике и Киеза и офанзивна формација, Нотингем Форест продолжи да доминира, а Гибс-Вајт во 78. минута го постави конечниот резултат, обезбедувајќи најубедливата победа на „шумарите“ сезонава.
Кристал Палас славеше на гостувањето кај Вулверхемптон со 0-2, благодарение на головите на Муњоз и Пино во второто полувреме.
Фулам на „Кревен Котиџ“ го совлада Сандерленд со 1-0, а решавачкиот погодок го постигна Раул Хименез во 84. минута, донесувајќи три бода за домаќините.
Брајтон исто така славеше пред својата публика против Брентфорд со 2-1. Гостите поведоа преку Тиаго од пенал, но Велбек и Хиншелвуд се погрижија за пресврт.
Најефикасниот натпревар го одиграа Борнмут и Вест Хем, кој заврши без победник, 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













