Уругвај го прекина националното првенство поради бојкот на судиите. Арбитрите побарале поголеми безбедносни гаранции од фудбалската федерација во земјата, затоа што добивале премногу закани на последните натпревари.
На мечот Данубио – Пењарол, на судиската тројка им се заканувал клупскиот фотограф на Данубио. На натпреварот Национал – Торке сити, на помошниот судија му се заканувале навивачи пред мечот, по што одбил да суди и бил заменет, а по ова паднала одлуката за бојкот.
„Сите активности на судиите се суспендирани на неодредено време. Не можеме повеќе да молчиме на заканите за физичко насилство и бараме конечно да се преземат мерки за казнување“, објавија од судиското здружение во Уругвај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













