По успешната тренерска кариера, која ја замени со функцијата шеф на фудбалски операции во Ред Бул, Јирген Клоп повторно ќе се врати на терените, но овојпат како стручни аналитичар.
Харизматичниот Германец нема повторно да стои покрај клупата, туку ќе работи како експерт-аналитичар за платформата „MagentaTV“ за Светското првенство 2026.
Истиот ангажман го имаше за „ZDF“ на Светското првенство 2006 и Европското првенство 2008 година, а за време на Светското првенство 2010 беше ангажиран како експерт на „RTL“.
Потоа, иако веќе беше тренер на Мајнц и на клупата на Борусија Дортмунд, целосно се посвети на тренерската работа и години наназад стоеше исклучиво покрај аут-линијата. Сега се враќа како стручен аналитичар за светскиот собир кој ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули, домаќини на кој ќе бидат САД, Канада и Мексико.
Клоп како тренер го водеше Мајнц од Втората лига до Бундеслигата, а со Борусија Дортмунд двапати беше германски првак и го одведе до финалето на Лигата на шампионите. Од 2015 до крајот на сезоната 2023/24 беше тренер на Ливерпул.
За време на неговиот мандат клубот освои осум трофеи, меѓу кои и првата титула во Премиер лигата во 2020 година, прва во англиското првенство по 1990 година, и трофејот во Лигата на шампионите во 2019.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













