Напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, се очекува да го напушти клубот веќе во јануари, а Челси се појавува како изненадувачка дестинација за 19-годишниот Бразилец. Младиот фудбалер досега играше многу малку за „кралевите“ под водство на Чаби Алонсо.
Иако пропушти дел од првиот месец од сезоната, Ендрик е во добра форма во последните два месеци, но Алонсо му доделил само 11 минути на теренот досега.
Пораките од селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, дека Ендрик треба повеќе да игра за да се избори за место во составот за Светското првенство со „Селесао“, го поттикнаа младиот напаѓач да ја изгуби трпеливоста за шанси на „Бернабеу“, речиси 18 месеци по пристигнувањето во Шпанија.
Според извештаите на „Кадена СЕР“, Челси се појавува како изненадувачка опција за Ендрик во јануарскиот трансфер-период.
Претходно „карелвите“ речиси договорија позајмица со Лион за Ендрик, а самиот играч ја дал својата согласност, но сега ситуацијата може да се промени поради новиот интерес од Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













