Connect with us

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради расистичките навреди кон Ибрахимовиќ

УЕФА ја казни Црвена Звезда откако Златан Ибрахимовиќ беше подложен на расистички навреди за време на натпреварот против Милан во рамките на Лигата на Европа. Шведскиот напаѓач беше на клупата за време на натпреварот во Белград во февруари.

За потсетување, натпреварот требаше да се игра без присуство на навивачи, но сепак одредена група – сè уште неидентификувана – беше присутна и во одреден дел од натпреварот го навредуваше фудбалерот.

Неговото семејство потекнува од Босна и Херцеговина, па дисциплинскиот комитет на УЕФА ги потврди расистичките навреди и „провокативното и навредливо скандирање“.

Поради тоа, УЕФА ја казни Црвена Звезда со 25.000 евра и нареди следниот европски натпревар на домашен терен, Звезда да го игра без присуство на навивачи. Покрај тоа, клубот беше казнет со 5.000 евра за прекршување на протоколите на Ковид-19 со тоа што им дозволи влез на одредена група луѓе и не спроведе мерки за социјална дистанца.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови