
УЕФА покрена истрага за „случајот Негреира“, во кој Барселона е обвинета за поткуп на дел од шпанската судиска организација.
Каталонскиот гигант е обвинет дека уплатил 7 милиони евра на сметка на компании кои биле во сопственост на тогашниот потпретседател на судиската организација на Шпанија, Хозе Негреира, во периодите кога претседатели биле Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу. За возврат, поединечни арбитри би суделе во корист на Каталонците.
Шпанското обвинителство не најде валидни докази за такво нешто, Барселона сака да ги гони новинарите кои ја објавија информацијата, но сега се вклучи и УЕФА.
Европската куќа на фудбалот отвори истрага, а инспекторите ќе проценат дали има евентуално прекршување на законската рамка.
Барселона се наоѓа на прагот на освојување на титулата во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski