Connect with us

УЕФА даде свој став за спорниот пенал на Хулијан Алварез

УЕФА се огласи во врска со поништениот пенал на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, на вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Реал.

Ударот на Аргентинецот, кој имаше клучна улога во конечната одлука за пласман во четвртфиналето на елитното клупско натпреварување во Европа, предизвика многу полемики. Дали Хулијан двапати ја допре топката пред да заврши под гредата на голот на Тибо Куртоа, или не?

Во Атлетико се револтирани и нивниот правен тим работи, анализирајќи го секој детал за да го искористат во нивна корист.

Меѓутоа, УЕФА уверува дека дошло до прекршување на правилата на играта.

„Играчот остварил контакт со топката со својата приземна нога пред да ја удри, како што е прикажано во приложеното видео. Според моменталните правила (Правила на игра, Правило 14.1), ВАР требаше да го повика судијата да укаже дека голот треба да се поништи“, се наведува во соопштението.

Европската фудбалска куќа ќе продолжи да разговара со ФИФА и ИФАБ за да утврдат дали правилото треба да се прегледа во случаи кога двојниот допир е очигледно ненамерен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови