Connect with us

Убава вест од Дортмунд: Себастиен Але се врати на тренинзите

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, ​​објави дека почнал да тренира со тимот. Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска се пресели во тимот на „жолто-црните“ изминатото лето од Ајакс за 35 милиони евра, но му беше дијагностициран рак на тестисите и имаше три операции.


„Среќна Нова година на сите! За мене почнува многу добро бидејќи се вратив на теренот! 2022 година не беше лесна, но ме подготви за сите предизвици што ќе ми ги понуди 2023 година. Со нетрпение очекувам да се видиме повторно“, напиша Але ​​на социјалните мрежи.


28-годишниот поранешен играч на Утрехт, Ајнтрахт Франкфурт и на Ајакс се надева дека ќе се подготви добро и ќе може да и помогне на Борусија на стартот од вториот дел од сезоната во Бундес-лигата.


Тимот од „Сигнал Идуна Парк“ се наоѓа на шестото место на табелата со девет бода заостанување во однос на лидерот Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови