Најдобриот стрелец на Србија, Александар Митровиќ, можеби нема да биде достапен за селекторот Драган Стојковиќ Пикси за клучниот натпревар за пласман на ЕВРО 2024 против Бугарија. Ова откако медиумите во Саудиска Арабија потврдија дека напаѓачот почувствувал болка во коленото на тренингот со Ал-Хилал.
Тој нема да игра на мечот против Ал-Фатех во првенството на Саудиска Арабија, а во Србија се загрижени за лекарскиот извештај, односно дали Митровиќ ќе биде подготвен за мечот со Бугарија во Лесковац за нешто помалку од 20 дена.
Србија доби казна од УЕФА на овој меч да игра без публика, односно на трибините ќе може да има само деца на возраст до 14 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













