
Брегалница има прволигашки амбиции, а Марајн Секуловски завидно прволигашко и интернационално искуство. Седна на клупата и забележа победа на гости против Плачковица. Авторитетен и секогаш амбициозен, потенцира дека Брегалница во иднина може и многу подобро.
Тој е изборот на МАКФУДБАЛ за тренер на 11 коло во Вторите лиги.
„Сакам да им честитам на фудбалерите за победата и освоените три бода од гостувањето во Радовиш со кои избивме на првото место на табелата. Јасно е дека за Брегалница на секој натпревар се важни победите. Одлично го почнавме мечот против Плачковица со два гола веќе до 17. минута. Имавме уште четири до пет одлични шанси и за трет гол во првото полувреме но не реализиравме. Не сум задоволен од нивото на игра на почетокот од вториот дел, иако по примениот гол брзо се созедовме и успеавме да го реализираме планот за три бода. Продолжуваат сега активностите за максимална подготовка за следните предизвици“, изјави Секуловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
