Connect with us

Тотре ја напушти Тирана и се сели во Ворскла

Поранешниот македонски репрезентативец Енур Тотре заминува од албанскиот прволигаш Тирана и се сели во украинскиот клуб Ворскла. Тој ќе му стане соиграч на Ѓоко Зајков. И покрај воените дејствија, планирано е да почне украинското фудбалско првенство, а Тотре треба да биде едно од засилувањата на Ворскла во средниот ред.

Тој ќе потпише тригодишен договор со новиот клуб, а претходно во Македонија настапуваше за Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови