
Хари Кејн е капитен на Тотенхем и не смее да си дозволи да ја нарушува клупската дисциплина. Раководството на клубот жестоко ќе го казни напаѓачот кој одлучи да не се појави на првиот тренинг по продолжениот одмор што го доби поради настапот со репрезентацијата на Англија на Европското првенство.
Кејн сака да замине во Манчестер Сити и со недоаѓањето на првиот тренинг сакаше да стави до знаење дека е решен да се бори со сите средства за да добие дозвола за трансфер. Но, Тотенхем нема така лесно да се помири со ваквото однесување на репрезентативецот и жестоко ќе го казни.
Казната засега е клупска тајна, затоа што директорот Фабио Паратичи сака сите работи да се решаваат во четири очи и да останат во клупските простории.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос
