Лијам Делап, напаѓачот на Челси, доби сериозна повреда на рамото во 15. коло на Премиер-лигата, за време на ремито 0-0 против Борнмут. Лондонскиот напаѓач мораше да биде заменет во 32. минута, откако се пожали на болка во рамото по судир при корнер.
Менаџерот Енцо Мареска потврди во интервју дека повредата на напаѓачот изгледа сериозна.
„За жал, тој веќе пропушти два месеца претходно и сега повторно е надвор од игра. Сè уште не знаеме колку време ќе биде надвор, но рамото му изгледа доста лошо“, изјави Мареска.
Ова е втора сериозна повреда за Делап во сезоната, откако претходно долго време отсуствуваше поради повреда на мускулот на задната ложа.
„Нема среќа. И ние немаме, затоа што многу ни треба еден број ‘9’ како него“, додаде менаџерот на Челси.
Се напоменува дека Лијам Делап пристигна во Челси летото 2025 година од Ипсвич за 40 милиони евра. 22-годишниот напаѓач до сега има одиграно вкупно 11 натпревари и постигнат еден гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













