Фановите на Ливерпул минуваат низ тежок период. По серијата слаби настапи и разочарувачки резултати, а особено по ремито 3-3 со Лидс во 15. коло од Премиер – лигата, Мохамед Салах, египетската ѕвезда на „црвените“, откри дека планира да се збогува со навивачите и дека не се чувствува доволно ценет.
„Им реков на родителите да дојдат на мечот со Брајтон. Не знам дали ќе играм, но сакам да го доживеам моментот. Ќе бидам на „Енфилд“ за да се збогувам со фановите, а потоа заминувам на Купот на Африка. Додека сум таму, не знам што ќе следува“, рече Салах.
Тој додаде и личен пример за двојните стандарди кои важат за него и за некои други фудбалери.
„Се сеќавам кога Хари Кејн имаше десет меча без гол, медиумите постојано велеле дека сигурно ќе даде во следниот натпревар. А за мене веднаш почнуваат да зборуваат дека треба да седам на клупа. Извини, Хари!“
„После сè што дадов за клубот, навистина боли. Го познавам Ливерпул одлично, тука сум многу години. Џејми Карагер ќе ме критикува повторно, но тоа е дел од работата“, заклучи Салах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













