Селта Виго приреди вистинска сензација, освојувајќи го „Сантијаго Бернабеу“ со триумф од 0-2 против Реал Мадрид во дербито од 15. коло во Ла Лига.
„Кралевите“ доминираа во првото полувреме и создадоа неколку шанси, но без финален удар. Арда Ѓулер, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор беа најблиску до гол, но мрежата на гостите мируваше и на паузата резултатот беше 0-0.
Клучниот момент дојде веднаш по стартот на вториот дел. Тренерот Гиралдез се реши за офанзивна промена, го извади Дуран и го внесе Вилиот Сведберг, потег што се покажа како добитна комбинација. Веќе во 53. минута шведскиот напаѓач го совлада Куртоа и донесе водство за Селта.
Реал потоа тргна по израмнување, но си ја направи задачата многу потешка. Фран Гарсија во само две минути доби два жолти картони и Реал остана со играч помалку. Чаби Алонсо и неговите избраници со десетмина се обидуваа да издржат и да создадат шанси, но нервозата донесе нови проблеми – Карерас беше исклучен во судиското продолжение поради протест.
Казната стигна во самиот финиш. Сведберг уште еднаш се најде на вистинското место и со втор погодок ја запечати сензационалната победа од 0-2.
Реал Мадрид со поразот падна четири бода зад Барселона и сега од втората позиција ќе мора да брка приклучок во наредните кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













