Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, е разочаран од јавно изразената позиција на Мохамед Салах кон раководството на Ливерпул и менаџерот Арне Слот. Според Руни, Египќанецот треба да биде казнет за уривањето на авторитетот на менаџерот и клубот.
Понатаму, поранешниот ас на Англија и Јунајтед целосно не се согласува со зборовите на Салах дека си го заслужил местото во почетниот тим на „црвените“ и дека не треба секојдневно да се бори за него.
„Арне Слот треба да го покаже својот авторитет, да го повика и да му каже дека нема да патува со тимот за следниот натпревар, затоа што тоа што го кажа е неприфатливо. Ако јас бев на негово место, немаше начин тој да биде дел од тимот. Да оди да игра на Купот на африканските нации и сè да се смири.
Времето остава свој печат врз сите нас. Оваа сезона тој не изгледа во најдобра форма. Сакаш да го видиш како ги засукува ракавите и вели: „Добро тогаш, сега ќе ви покажам.“
За да имаш ароганција да кажеш дека не треба да си го заслужуваш местото, бидејќи веќе си го заслужил, треба да си во најдобра форма секоја недела за да се обидеш да останеш во тимот. Ако бев еден од неговите соиграчи, воопшто не би бил задоволен од тоа што го кажа, затоа што сега Ливерпул најмногу има потреба од него. Всушност, тој го фрли Ливерпул „под автобус“ со своите зборови. Направи неверојатни работи за Ливерпул, но тоа беше непристојно кон соиграчите, менаџерот и навивачите. Сигурен сум дека во следните неколку години ќе жали за тоа што го кажа“, изјави Руни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













