Какви ќе бидат последиците по бомбастичното интервју што Мохамед Салах го даде по ремито на Ливерпул со Лидс во саботата навечер? Тоа е едно од главните прашања што ги вознемируваат навивачите на „црвените“. Мислењата меѓу навивачката заедница се крајно поделени: едни цврсто ја поддржуваат позицијата на Египќанецот и сметаат дека ова, во комбинација со слабите резултати, ќе доведе до отпуштање на Арне Слот. Други пак сметаат дека Салах повторно настапил егоистично и егоцентрично и дека најдобро решение е крилниот напаѓач да биде продаден во зимскиот преоден рок.
Според британските медиуми, најверојатно Салах ќе биде казнет поради своите изјави и ќе биде исклучен од составот за утрешниот натпревар против Интер во Лигата на шампионите. Можно е истото да се случи и за дуелот со Брајтон за време на викендот, кој е последен пред Салах да замине на настап со Египет на Купот на Африканските нации. Фудбалерот дури изјави дека им се јавил на своите родители да дојдат на „Енфилд“ за натпреварот со „галебите“, навестувајќи дека тоа може да биде негово збогување со навивачите.
Повеќето извори на островот пишуваат дека раководството на клубот не е задоволно од истапот на Салах и повторно ќе ја изрази својата поддршка за менаџерот Арне Слот.
Саудискиот Ал-Хилал веќе подготвува понуда до Ливерпул за Салах во јануарскиот преоден рок. Сепак, сигурно е дека понудата нема да биде толку голема како онаа пред две години, кога клуб од Саудиска Арабија понуди 150 милиони фунти.
Ливерпул денес ќе тренира на клупската база од 13:45 часот, по што ќе биде определен и составот што ќе патува за Милано. Арне Слот и еден играч на тимот треба да одржат прес-конференција пред утрешниот дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













