Англискиот премиерлигаш Тотенхем се уште го бара наследникот на Жозе Мурињо, а раководството на клубот сфати дека е направена грешка со заминувањето на Маурисио Покетино. Од Островот доаѓа неверојатна информација, дека Тотенхем сака да го врати Покетино на клупата, но тој е сега под договор со францускиот гигант Пари Сен Жермен.
Раководството на „спарс“ сака да го врати 49-годишниот тренер поради најавите за заминување на Хари Кејн, кој би можел да се премисли доколку се врати Покетино.
Аргентинецот во моментов е шеф на стручниот штаб на ПСЖ со кого не успеа да го освои шампионскиот трофеј во Франција. Покетино работеше во Тотенхем од 2014 до 2019 година. Успеа да го одведе тимот во финалето на Лигата на шампионите и Лига купот на Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













