Германија имаше очаен настап на Светското првенство во Катар, доживеа фијаско и се врати дома по првата рунда. Прва падна главата на спортскиот директор Оливер Бироф, но се уште виси и селекторот Ханси Флик, иако наводно доби доверба да го води националниот тим до ЕВРО 2024.
Јирген Клоп е желбата на Фудбалската федерација на Германија, но тој нема намера да замине од Ливерпул. Но, сега се појавува опција и Томас Тухел да го преземе кормилото на Германија. Тој доби отказ од Челси на почетокот на сезоната, а се споменуваше и како можен наследник на Герет Саутгејт за клупата на Англија. Сега би можел да седне на кормилото на Германија, доколку му биде изгласана недоверба на Ханси Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













