Голманот на шпанскиот шампион Барселона, Марк-Андре тер Штеген (33), повторно ќе мора да замине на операција на грбот, објави самиот преку социјалните мрежи.
„По интензивни разговори со медицинскиот тим на Барселона и други специјалисти, најбрзиот и најбезбеден начин за опоравување е повторна операција,“ соопшти 33-годишниот германски репрезентативец.
„Физички и психички се чувствувам многу добро, иако, за жал, не сум ослободен од болките. Лекарите проценуваат дека периодот на опоравување ќе трае околу три месеци“, додаде тој.
Шпанските медиуми наведуваат дека Барселона размислува за продажба на Тер Штеген, кој е дел од клубот од 2014 година, кога пристигна од Борусија Менхенгладбах. Германецот веќе еднаш беше опериран на долниот дел од грбот во декември 2023 година, поради што пропушти 19 натпревари.
Во меѓувреме, каталонскиот клуб го продолжи договорот со полскиот голман Војчех Шчешни, а од Еспањол го донесе и Жоан Гарсија, што дополнително ги зајакнува шпекулациите за можно заминување на Тер Штеген.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













