
Фудбалерот на Милан, Тео Хернандез, дал зелено светло за преселба во Ал-Хилал, јавуваат италијанските медиуми. Според информации на „Скај Спорт Италија“, францускиот лев бек се согласил на условите што му ги понудил клубот од Саудиска Арабија, откако претходно бил одлучен да остане во Европа.
Хернандез, кој шест сезони го носеше дресот на „росонерите“, е подготвен за нов предизвик, а во Ал-Хилал би играл под водство на Симоне Инзаги, поранешниот тренер на ривалот Интер.
Се шпекулира дека францускиот репрезентативец ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона, а деталите за должината на договорот засега не се објавени. Сепак, Милан и Ал-Хилал сè уште не постигнале конечен договор околу трансферната сума.
Италијанскиот гигант веќе работи на обезбедување на соодветна замена за Хернандез, при што интерес покажал за Зинченко од Арсенал.
Доколку трансферот се реализира, тоа ќе претставува уште еден удар за Милан ова лето, а за Ал-Хилал, уште едно големо засилување во амбициозниот проект на клубот од Ријад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Раул ќе биде нов селектор на Шпанија У21?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд
