
Македонија Ѓорче Петров имаше одлично есенско претставување во елитната конкуренција, заврши на третото место, со 33 бода и позиција дури да го нападне и врвот на табелата. Но, доаѓа пролетниот дел од сезоната и есенскиот кредит е потрошен. Во новите битки, тимот на Жикица Тасевски ќе треба повторно да се докажува.
Утре „лавовите“ гостуваат кај Струга Трим Лум. Составот од Ѓорче Петров претрпе делумни измени во зимскиот преоден рок, но во глобала костурот на ѓорчепетровци е истиот од есента.
„Ангажиравме неколку засилувања, но и заминаа одредени фудбалери, пред се напаѓачот Калид Абдул Басит. Имавме квалитетни подготовки во Анталија, но сега претстои вистинското докажување. Есента за нас беше одлична, но постојано им велам на фудбалерите дека сега претстои ново докажување. Сега и сите останати тимови на Македонија Ѓорче Петров гледаат со поинакви очи, ќе играат со кренат гард. Мораме да бидеме максимално фокусирани, доколку сакаме да го задржиме ритамот што го имавме во есенскиот дел од првенството. Првиот пролетен меч е секогаш тежок, но мислам дека сме подготвени и очекувам позитивен резултат, иако Струга Трим Лум е одлично организиран клуб и има квалитетен тим“, вели шефот на стручниот штаб на ѓорчепетровци, Жикица Тасевски.
Македонија ЃП во есенскиот дел од првенството оствари десет победи во 18 натпревари и беше втор најдобар тим во овој сегмент, зад лидерот Шкендија кој забележа една победа повеќе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
