Connect with us

Таневски: Значајна, мотивирачка победа против Вардар

Шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Александар Таневски не го криеше задоволството од триумфот над Вардар од 0-2 во првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во пресметката на двата тима со значително подмладени состави, „лавовите“ се покажаа далеку тактички помудри, поподготвени и поодлучни во битката за бодови…

„Оваа победа секако е силно мотивирачка за продолжението од првенството. Нашите млади фудбалери покажаа фудбалска зрелост, мудрост и трпение на теренот што не донесе до триумфот. Може само да им честитам за начинот на кој го одиграа натпреварот за заслужена победа против Вардар. Секако, во наредниот период останува да корегираме одредени утврдени недостатоци во играта за да од натпревар на натпревар биде подобро“ – вели стратегот на „лавовите“, Александар Таневски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови