Connect with us

Супер-трансфер во Дебар Маало: Работнички го доведе најталентираниот македонски голман Васко Василев

Македонскиот прволигаш Работнички го реализираше првиот трансфер ова лето. Во клубот од Дебар Маало пристигна најталентираниот македонски голман Васко Василев, кој е член на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година.

Тој минатата сезона го носеше дресот на Гостивар, а претходно беше дел и од академијата на Вардар, Црвена Звезда, Рад, португалскиот клуб Беира Мар.

Василев потпиша тригодишен договор со Работнички и треба да биде прв голман на „романтичарите“ откако на сениорскиот репрезентативец Игор Алексовски му истече договорот со клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови