
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија реагира на изјавата на Јетон Беќири по натпреварот Струга Трим Лум – Шкендија, во која тренерот на тетовскиот клуб обвини за двојни стандарди во користењето на ВАР системот.
Реакција од Судиска комисија во рамки на ФФМ:
„Кога ВАР системот поништуваше голови на Башкими и Струга Трим Лум против Шкендија, тогаш беше добар. Но, кога одлуката не е во корист на вашиот клуб, веднаш станува проблем. Тоа се класични алиби изјави, најголемото зло во фудбалот. Тренери кои своето незнаење и нестручност ги кријат зад ВАР системот не му носат ништо добро ниту на својот тим, ниту на македонскиот фудбал.
Судиската комисија потсетува дека токму Башкими и Струга Трим Лум достоинствено ги прифатија одлуките донесени со употреба на ВАР систем, без создавање алиби и без непотребни пораки кон судиите. Единствено, Јетон Беќири, се обидува преку медиумски настапи да префрла вина и да испраќа алиби пораки. Потенцираме дека досудениот пенал за Струга Трим Лум на мечот со Шкендија е чист и одлуката е исправна.
Нагласуваме дека ВАР системот работи исклучиво според меѓународни протоколи и исти критериуми за сите клубови, без простор за двојни стандарди.
Го покануваме големиот стручњак, Јетон Беќири во ВАР центарот на ФФМ, лично пред цела судиска комисија да се увери во процесот, а потоа нека ’поплука’ на фактите.
ВАР нема двојни стандарди, туку само професионализам и објективност, нешто што во блиското минато беше само алиби за незнаење и сомнежи”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
